Читај » СЛАЈДЕР » Монтела има идеја како да го спречи Санчез: Треба да го убиеме

Монтела има идеја како да го спречи Санчез: Треба да го убиеме

Стратегот на Севилја, Винченцо Монтела на прашање на новинарите, како би можеле неговите играчи да го запрат Алексис Санчез, истакна дека ќе треба да го убијат, друг начин не постои.

„Како да го запреме Санчез? Треба да го убиеме, или во најмала мера да го нокаутираме пред почетокот на натпреварот. Друга опција не постои“, низ шега прокоментира Монтела.

Вечерва ќе се сретнат Севилја и Манчестер Јунајтед во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Шампионите, „црвените ѓаволи“ се фаворити, но никој не смее пред време да го отпише тимот од Андалузија.

Мурињо смета дека неговиот тим нема да постигне многу голови, пред се бидејќи за тоа му се потребни Роналдо или Меси, но и затоа што Монтела како Италијанец, ќе игра затворен фудбал.

„Не можеме да постигнеме шест гола против Севиља. За да го направиме тоа, треба да ги имаме Меси или Роналдо во најдобра форма. Исто така, Монтела е Италијанец, а тренерите од таа земја многу добро знаат како да се организираат во одбраната“, изјави Мурињо.

Коментари

коментари