вторник, 20 август, 2019
Читај » ЕКОНОМИЈА » Министерот кој сакаше да го забрани биткоинот, денес пронајден мртов

Министерот кој сакаше да го забрани биткоинот, денес пронајден мртов

Владиниот министер на Јужна Кореја, Јунг Ки-Џон (52), кој се противеше за признавање на криптовалутите, бил пронајден мртов, информираат локалните медиуми.

Причините за смртта наводно е срцев удар, но полицијата започна истрага. Портпаролот на владата исто така порача дека министерот цело време бил под стрес, откако ја презел оваа функција,

Јунг Ки-Џон заедно со неговите соработници се обидувале да ги спречат сите нелегални активности со криптовалутите, и истиот забранил оваа валута да се користи во неговата земја.

Уште пред околу еден месец, јужнокорејските власти информираа дека ќе преземат строги мерки против тргнувањето со криптовалути, бидејќи за истите не се плаќа данок.

Коментари

коментари