недела, 23 февруари, 2020
Читај » Без категорија » Едроган: Ќе умреме, но нема да отстапиме од одлуката за признавање на уставното име на Македонија

Едроган: Ќе умреме, но нема да отстапиме од одлуката за признавање на уставното име на Македонија

Турскиот претседател, Реџип Таип Ердоган денес во Анкара оствари средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по која истакна дека ако треба ќе умре, но нема да отстапат од одлуката за признавање на уставното име на Македонија.

„Ние сме први што го признавме уставното име на Република Македонија. Она што го мислевме тогаш, го мислиме и сега. Ние не мрдаме ни лево ни десно. Турција во дипломатијата никогаш не се однесува двострано. Ние откако сме донеле своја одлука, ние умираме, но не се враќаме назад“, изјави Ердоган.

Иванов изрази благодарност за принципиелниот став на Република Турција за решавање на билатералниот спор, кој Република Грција го има со Република Македонија, за уставното име.

„Во 21-от век, недозволиво е сувереното право на самоопределување на една држава, гарантирано со Повелбата на Обединетите Нации, да биде оспорувано од која било друга држава. Разликата околу името треба да се решава во рамките на ООН и во рамката дефинирана со Повелбата на Обединетите нации, резолуциите на Советот за безбедност на ОН, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2011. Задирањето во прашања, како што е идентитетот, јазикот и Уставот на Република Македонија, не придонесува, туку напротив го отежнува процесот за изнаоѓање на решение. Ме радува фактот што Претседателот Ердоган и при оваа посета искажа целосно разбирање за нашите ставови по однос на оваа тема и стои на македонска страна“, изјави Иванов.

Коментари

коментари