Трамп: Москва му се смее на Вашингтон

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД станаа предмет за смеа во очите на Русија. Ако целта на руската вмешаност во нашите избори беше да се создаде поделба и хаос во САД, тие го постигнаа тоа повеќе од убедливо, рече претседателот Доналд Трамп.

„Ако целта на Русија беше да се создаде контроверзност, поделба и хаос во САД, со оглед на сите сослушувања во Конгресот, истраги и меѓупартиската нетрпеливост тие успееја да ги надминат и своите очекувања. Тие ги раскинуваат своите стомаци од смеа во Москва. Америка, опамети се!“, напиша американскиот лидер на Твитер.

Во Конгресот на САД се води независна истрага за руската интервенција на претседателските избори во САД, на кои што победи Доналд Трамп. Слична истрага се спроведува и од страна на ФБИ.

Коментари

коментари