Читај » СВЕТ » Тилерсон: Можно е воведување на нови санкции против Русија

Тилерсон: Можно е воведување на нови санкции против Русија

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон призна дека постои можност од воведување нови санкции против Русија. Тој изјави ова во интервју за CBS.

Шефот на Стејт департментот беше запрашан зошто администрацијата не ги применува целосно санкциите предвидени со одлуката на Конгресот.

Како одговор, Тилерсон објасни дека некои чекори веќе се преземени, особено, неколку трансакции за продажба на руска воена опрема и техника на други држави беа спречени врз основа на постојното законодавство.

„Размислуваме и за други лица кои можат да бидат санкционирани и да бидат вклучени во списокот“, рече Тилерсон.

Коментари

коментари