СУДОТ ОДЛУЧИ: Позната пресудата за Ивона Талевска

Судот денес ја донесе одлуката за случајот „Тифани“, во кој ја осуди новинарката Ивона Талевска на условна казна затвор од две години. Доколку Талевска во следните четири години направи кривично дело, условната казна ќе се промени со активна.

Воедно, Талевска ќе мора да ја врати и целата сума на пари, за која се сомничеше во случајот „Тифани“, како и дополнителни 76.000 денари за трошоци при вештачењето.

Новинарката претходно се изјасни за виновна, а по оваа одлука, има право на жалба во рок од 15 денови.

Коментари

коментари