понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Дејан Периќ пристигнува во Вардар, голманите има од кого да учат

Дејан Периќ пристигнува во Вардар, голманите има од кого да учат

Дејан Периќ е најновото име во стручниот штаб на Вардар. Поранешниот селектор на Србија од почетокот на март ќе им се приклучи во Раул Гонзалес и Давид Дејвис Камара.

Србинот ќе биде задолжен за работа со голманите, а неговиот квалитет е потврден, ако се знае дека како играч ја освојуваше Лигата на Шампионите во 2004. година со Целје и година подоцна со Барселона.

„За Македонија ме врзуваат убави спомени бидејќи на почетокот на мојата кариера играв во Битола. Исто така во еден период и мојот татко беше тренер на Вардар, па затоа ја чувствувам поврзаноста со тимот. Верувам дека заедно со Вардар ќе продолжиме со добрите резултати и во иднина ќе има добри голмани кои и досега беа препознатлив дел од тимот. Одамна се имам запознаено со амбициите на Вардар и со неговиот сопственик Сергеј Самсоненко, и ова сигурно ќе биде нов предизвик и за мене. Очекувам заедно со тимот и стручниот штаб да соработуваме добро и да донесеме уште подобри резултати. Вардар е тим од самиот европски врв, има одлични играчи и услови и тоа е добар предуслов за продолжување на она што клубот во моментов го има постигнато“, вели Дејан Периќ.

Коментари

коментари