Читај » СВЕТ » Се урна патнички авион во Иран, нема преживеани

Се урна патнички авион во Иран, нема преживеани

Во планинскиот регион во централната покраина Исфахан се урна ирански патнички авион, каде загинаа сите 66 лица, информираа медиумите во оваа држава.

Авионот бил на компанијата „Асеман Ерлајнс“, полетал од аеродромот во Техеран и требало да слета во градот Јасуџ, а во него се превезувале 60 патници и 6 членови на екипажот. Причината за несреќата се уште не е позната.

Официјалните лица информираа дека поради густа магла, спасувачите не можат да слетаат со хеликоптери, додека итните служби се обидуваат да стасаат до местото на несреќата по земјен пат.

Иран во последните неколку години често се соочува со авионски несреќи, а вината ја префрлаат кон САД, поради санкциите кои ги имаат и не можноста да купат нови авиони и резервни делови од западните земји.

Коментари

коментари