Меси е најдобар асистент во историјата на Ла Лига

Аргентинската суперѕвезда и најдобар играч на Барселона, Лионел Меси стана најдобар асистент во шпанската Ла Лига, откако успеа да дојде до број од 147 асистенции.

Неодамна Лионел Меси стана најдобар стрелец во историјата на шапнското првенство, а заедно со ова достигнување веројатно се прогласува и за најдобар играч во историјата на Ла Лига.

Меси на средбата против Еибар му асистираше на Луис Суарез, со што дојде до бројката од 147 асистенции, исто толку има и легендата на Реал Мадрид, Мичел, но јасно е дека Меси наскоро ќе избие сам на првата позиција.

На средбата против Еибар, Меси изедначи и еден невкусен сопствен рекорд, откако ја ја погоди пречката, со што дојде до бројот 14 од погодени пречки или стативи во една сезона. Исто толку имаше и во сезоната 2011/12, но сега има уште натпревари до крајот.

Коментари

коментари