вторник, 17 септември, 2019
Читај » СВЕТ » Авторот на книгата за Трамп изјави дека соработниците сметаат дека американскиот претседател е глупав

Авторот на книгата за Трамп изјави дека соработниците сметаат дека американскиот претседател е глупав

Авторот на контроверзната книга „Оган и бес: Трамп во Белата куќа“, новинарот Мајкл Вулф во интервју за францускиот неделник „Journal du Dimanche“ изјави дека повеќето од најблиските советници на претседателот на САД, сметаат дека Доналд Трамп е глупав.

„Оваа книга не е од партиски политички аспект. Јас не велам дека претседателот е идиот или дека јас сум против неговите дела. Јас само ви го пренесувам тоа што го мисли неговата околина и соработници“, изјави Вулф.

Според новинарот, сто отсто од анкетираните најблиските советници веруваат дека Трамп не е создаден за функцијата претседател, па дури и веруваат дека тој е најлошиот избор, кој што можел да стане претседател на САД.

„На овој факт не може да ништо да му се спротивстави, бидејки сите мислат така, па сè вклучувајќи ги и најблиските луѓе на Трамп. Тие дошле до овој заклучок откако забележале дека тој со потешкотии ги прима информациите или ги донесува своите сопствени одлуки, бидејќи тој ништо не чита и никој не слуша“, рече Вулф.

Сепак, новинарот кој што неколкупати лично се сретна со Трамп изјави дека претседателот на САД, сепак ги изразува своите мисли со потешкотии иако не ја заврши започнатата фраза, сепак тој е пријатен човек кој сака да се зборува и да се додворува.

„Тој дури понекогаш е интересен, но не покажува никаков интерес за долги дебати за политики, управување со држвата и за разни планови. Тој се интересира само за себе. Тој не е заинтересиран да знае кој е најсилниот, или најдобриот. Неговата страст е да се биде и остане најпознат“, заклучи Вулф.

Коментари

коментари