четврток, 12 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Општина Делчево со јавен повик ќе дели средства за спортски клубови и здруженија

Општина Делчево со јавен повик ќе дели средства за спортски клубови и здруженија

Прв пат преку јавен повик општина Делчево ќе ги доделува општинските пари на спортски клубови и здруженија и на граѓански организации од градот. Ова е предвидено во новиот Правилник за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови и здруженија, здруженија на граѓани и фондови што денеска беше ставен на увид на активните претставници на нво-секторот во Делчево.

Во рамки на работниот состанок беше разговарано за предвидените критериуми, условите кои се предвидени во новиот Правилник, средствата, а забелешките на претставниците на граѓанските здруженија од денешниот состанок ќе бидат доставени до општината, истакна Тони Стоименовски од општина Делчево.

„Ова е еден од инструментите за градење партнерски однос со НВО -сектор, но и се овозможува транспарентна постапка за доделување на средства на НВО сектор. На иницијатива на НВО-секторот и на градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, изработивме Правилник во кој се предвидени условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортските клубови и здруженија, како и здруженијата на граѓани и фондации. За прв пат, општина Делчево ќе објавува јавен повик преку кој и почитувајќи ги критериумите на кои работиме, ќе се доделуваат средства. Останува засега, НВО сектор да ги достави до нас забелешките на денеска понудениот предлог-правилник“, рече Стоименовски.

Во општинскиот буџет се предвидени 1,6 милиони денари. За прв пат оваа година е поделен износот на средствата кои ќе се доделуваат на спортски клубови и здруженија и на здруженија на граѓани и фондации. За спортските клубови се предвидени 900.000 денари, додека за граѓанските 700.000 денари.

Коментари

коментари