Читај » СЛАЈДЕР » Лекиќ: Пред заминување од Скопје, мора да ја освоиме Лигата на Шампионите

Лекиќ: Пред заминување од Скопје, мора да ја освоиме Лигата на Шампионите

Најавите дека тимот на ЖРК Вардар од следната сезона ќе настапува само со домашни ракометарки се потврдува, откако Андреа Лекиќ, заедно со Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ потпишаа договор исо ЦСМ Букурешт за следната сезона.

Лекиќ кој е една од ракометарките со најголем стаж во ЖРК Вардар, истакна дека пред заминувањето посакува таа и нејзините соиграчки да му донесат радост на Скопје и титула во Лигата на Шампионите.

„Следната сезона ќе настапувам во нов дрес и ќе бидам дел од тимот на ЦСМ Букурешт. Тимот има одлични ракометарки и високи амбиции. Сите заминуваме од Скопје, но пред да одиме, сакаме да ја оствариме нашата мисија, да му донесеме на тимот трофеј во Лигата на Шампионите“, изјави Лекиќ.

Ќе биде интересно да се види како ќе се прикаже ЖРК Вардар од следната сезона во Лигата на Шампионите, каде оваа сезона тимот има максимален ефект и нема ниту еден пораз.

Коментари

коментари