недела, 15 декември, 2019
Читај » СВЕТ » ВИДЕО: Шоу на зелените терени, Нејмар си поигруваше со противничките играчи

ВИДЕО: Шоу на зелените терени, Нејмар си поигруваше со противничките играчи

Бразилскиот фудбалер Нејмар уште еднаш покажа неверојатни потези во убедливата победа од 5:2 на неговиот ПСЖ над Стразбур во рамките од францускиот шампионат.

Покрај вториот гол за „светците“, во кој си поигра со одбраната на гостинскиот тим, Нејмар имаште уште низа одлични потези, кои го привлекоа вниманието на целата спортска јавност.

Бразилецот оваа сезона за ПСЖ одигра 28 натпревари, успевајќи да постигне 28 голови и 14 асистенции, со што уште еднаш се покажа како вистински лидер на овој тим.

Сепак, дел од светските фудбалски фанатици му замеруваат тоа што добро игра против малите тимови, но кога треба да се покаже на терен против големите екипи, тој „исчезнува“.

Коментари

коментари