среда, 26 февруари, 2020
Читај » МАКЕДОНИЈА » Општина Делчево најавува: Реконструкција на регионалниот пат с.Бигла – Виница

Општина Делчево најавува: Реконструкција на регионалниот пат с.Бигла – Виница

Реконструкцијата на регионалниот патен правец село Бигла – Виница во должина од 14 км. ќе започне за две недели. Градежните работи за овој патен правец се влезени во Програмата на ЈП за државни патишта, а согласно со проектот предвидена е изградба на коловоз со ширина од 5 метри, банкини од двете страни на коловозот, како и изградба на одводни канали.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, истакна дека перманентниот проблем со одроните на овој дел од меѓународниот пат М.Каменица- Кочани, актуелните градежни работи за санација на овој патен правец кој ги изведува „Гранит“, но и барањата од жителите од овие населени места, алармираше на итна реакција од страна на Општините Делчево и Виница.

„Првичното решение е да се создадат нормални услови за одвивање на сообраќајот преку алтернативен пат, во случајот патот с. Бигла – Виница. Реконструкцијата на патниот правец с.Бигла-Виница е влезена во Програмата на ЈП за државни патишта. Затоа најавувам итна санација на алтернативниот пат с.Бигла-Виница во должина од 14 км., средствата се од ЈП Државни патишта во висина од 52 милиони денари. Проширувањето на патот ќе биде од сегашните три на пет метри“, истакна Трајковски.

Тој додаде дека досега на оваа делница која е во должина од 18 км веќе е направена реконструкција на околу 2 км од делчевската страна и 2 км на виничка територија.

Коментари

коментари