Градоначалникот на Солун, Бутарис: Аеродромот „Македонија“ може да се преименува во „Никос Галис“

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис за грчките медиуми истакна дека треба да се размисли за промена на името на аеродромот „Македонија“ кој во иднина би можел да го носи името „Никос Галис“.

„Јавно прашувам да размислиме за таква промена, бидејќи името Македонија го подели светот, нѐ подели нас и од тоа сите губиме“, изјави Бутарис.

Доколку дојде до промена на името на аеродромот, според него новото име би требало да биде на грчкиот кошаркар Никос Галис, кој е меѓународно призната личност, а воедно единствен од Грција кој влезе во американската Куќа на славните.

Според него Грција нема проблем со Македонија, туку нивниот проблем е Анкара и се поголемото турско влијание на регионот.

Коментари

коментари