понеделник, 23 септември, 2019
Читај » ЕКОНОМИЈА » Твитер оствари профит за првпат во историјата Акциите на микроблогот скокнаа за 15%

Твитер оствари профит за првпат во историјата Акциите на микроблогот скокнаа за 15%

Твитер за прв пат во својата 12-годишна историја оствари профит – во четвртооа тримесечје од 2017 година оствари профит од 91 милион долари, за разлика од година порано кога имаше загуба од 167 милиони долари. Акциите на компанијата по оваа вест скокнаа за 15 %, објави агенцијата Ројтерс. Компанијата сега предвидува профит за целата 2018 година.

Добивката беше овозможена преку решително намалување на трошоците од октомври 2017 година и добар принос на видео рекламирањето.

„Неспособноста на Твитер да работи со профит долго време ги изненади инвеститорите, со оглед на широко распространетото присуство во медиумите и популарноста кај познати личности, спортисти и политичари, како што е американскиот претседател Доналд Трамп“, забележува Ројтерс.

Кварталниот приход од Твитер беше незначителен – од 2%, на 731,6 милиони долари, но ги надмина очекувањата (686,1 милиони долари). Приходите од рекламирање се зголемија за 1% годишно и достигнаа 644 милиони долари, но приходите од не-рекламирање (87 милиони долари) покажаа подобра динамика (+ 10%).

Бројот на корисниците на Твитер практично не се промени во текот на еден квартал и се зголеми за 4 отсто за период од една година на 330 милиони луѓе. Експертите очекуваат пораст на бројот на корисници, но компанијата покажува дека овој фактор е под влијание на расчистување со лажните профили и промени во основниот веб прелистувач Apple Safari, што го намали бројот на корисници за 2 милиони.

Во текот на изминатите 12 месеци, акциите на Твитер пораснаа за 47%, значително надминувајќи го индексот S & P 500 (+ 17%).

Коментари

коментари