понеделник, 19 август, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Судењето за „Монструм“ повторно одложено, следно рочиште на 14 март

Судењето за „Монструм“ повторно одложено, следно рочиште на 14 март

Денес во просториите на Кривичен суд стартуваше повтореното судење за случајот „Монструм“, каде новоназначениот обвинител Наум Пановски прочита само едно од двете обвиненија.

На сето ова реагираше адвокатот Насер Рауфи, кој забележа дека на судот му фали вториот обвинителен акт за обвинетиот Самир Љута, кој беше уапсен дури 18 месеци по апсењето на останатите.

Токму од таа причина, тогашната обвинителка Гордана Гешковска изработи посебно обвинение, па иако Пановски е новоназначен обвинител, тој порача дека ќе остане на првичниот обвинителен акт поднесен од страна на Гешковска.

Следното рочиште е закажано за 14-ти март.

Коментари

коментари