вторник, 22 октомври, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Михтаријан направи споредба помеѓу Мурињо и Венгер и истакна една голема разлика

Михтаријан направи споредба помеѓу Мурињо и Венгер и истакна една голема разлика

Новиот играч на Арсенал, Хенрик Михтаријан ќе се обиде да ја пронајде формата од дресот на Борусија Дортмунд, откако не успеа да се прикаже во најдобро светло во Манчестер Јунајтед.

Мурињо не беше задоволен од игрите на Ерменецот, поради што го испрати на „Емирати“, додека во спротивен правец пристигна Алексис Санчез од Арсенал.

Хенрик Михтаријан направи една споредба помеѓу неговиот актуелен тренер Арсен Венгер и неговиот поранешен стратег Жозе Мурињо и истакна една голема разлика меѓу нив двајцата.

„Мурињо бара многу од играчите. Арсен Венгер е настроен повеќе пријателски кон играчите, тој ги сфаќа фудбалерите, размислува за секоја ситуација во која се наоѓаат и е посмирен. Во тоа е разликата“, изјави Михтаријан.

Коментари

коментари