понеделник, 26 јули, 2021

Ќе добие ли МКФ нов претседател?

Ќе остане ли Петар Наумоски на челот на Македонската Кошаркарска Федерација, ќе се дознае денес на пладне, каде ќе се одржи состанок, каде ќе се гласа доверба или недоверба во работењето на претседателот Наумоски.

Главен кандидат за заменик на Петар Наумоски е Владо Илиевски, човекот кој ја постигна најважната тројка во историјата на македонската кошарка, а сите добро го паметиме и по зборовите: „Леле луѓе, што направивме“.

Кандидат од сенка ќе биде екс-градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц, кој во игра би влегол дури откако евентуално би се изгласало недоверба за Наумоски. Тој ја има поддршката и од Даниел Димески, претходниот претседател на МКФ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!