ФОТО: „Комити“ го посетија Венцислав Симоновски

Навивачката група „Комити“ односно нивната подгрупа „Екипа ПИВО“ денес го посети легендарниот играч на Вардар, Венцислав Симоновски, кој до скоро беше оставен на милост и немилост и четири години живеел без струја.

Навивачите му донирале облека, медицинска и прехранбена помош на Симоновски, во соработка со хуманитарната организација „Св. Спас“ на која исто така упатија благодарност.

Пред неколку денови во посета на Симоновски беа и Саша Кириќ и Панче Ќумбев, кои ја платиле струјата, а воедно најавија и дека ќе помогнат во реновирање на домот на поранешниот играч на Вардар.

Во посета на вардаровата легенда од шампионската 1986/87 година – Венцислав Симоновски.Доставена му беше облека, медицинска и прехранбена помош. Благодарност и до хуманитарната организација Св. Спас.

Posted by Екипа ПИВО – ФКВ on недела, 11 Февруари 2018

Коментари

коментари

error: Content is protected !!