ФОТО: Бидете ВНИМАТЕЛНИ, во прекин патот Кочани – Делчево, автомобилите се пренасочуваат

По врнежите кои ја зафатија Македонија, на патот Кочани – Делчево има одрони, поради што во моментот оваа релација не е возможно да се помине, односно автомобилите се насочуваат кон алтернативен пат Кочани – Виница – Драгобрашта – Бигла – Македонска Каменица/Делчево.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато се укиинува во 08:45 часот. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража се укиинува во 09:30 часот. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец с. Шипковица- Попова Шапка се укиинува во 09:45 часот.Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 09:50 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Железнец, Kрива Паланка, Страцин, Кула, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Павлешенци, Дебар и Прилеп.

 

Коментари

коментари