Трагедијата потврдена: Извлечени телата на македонските планинари на Кајмакчалан

Информациите кои во изминатите неколку часови се пренесуваа како неофицијални, сега се потврдени од страна на грчката противпожарна служба. Извлечени се телата на двајцата планинари од Македонија на врвот Кајмакчалан.

Екипа на итната служба ги чекаат телата во скијачкиот центар, при што ќе треба да констатираат смрт и воедно да го откријат идентитетот на загинатите.

Според неофицијални информации, девојката е 25-годишната К.В. додека со неа бил и маж на 35-годишна возраст, и двајцата биле дел од група од 50 планинари на потегот од Лутраки кон Кајмакчалан. Вечерта 48 од нив се вратиле, двајца не.

Коментари

коментари