Десничарската партија ТМРО, денес испрати допис до медиумите, каде бара на протестите за зачувување на името и унитарноста на Македонија да излезат и оние кои пред 25 години го приватизираа државниот имот без денар да платат за тоа.
Покрај нив, од ТМРО бараат да излезат и нивните деца и внуци, како и како што велат тендерашите од последната деценија кои станале новата бизнис елита во државата.
ТМРО ги потсетува дека државата на нив, изминативе три децении им даде сѐ, дури и државниот имот, па сега е време за тоа да се оддолжат, а сите други кои сѐ уште останаа во државата, стечајците, работниците, невработените и нивните семејства, средната класа ќе бидат веднаш зад нив, во вториот ред.