вторник, 22 октомври, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Обид за атентат над Фатиме Фетаи, брзата реакција на полицијата спречи трагедија?

Обид за атентат над Фатиме Фетаи, брзата реакција на полицијата спречи трагедија?

Во средата имало обид за атентат над обвинителката на Специјалното Јавно Обвинителство, барем така тврди порталот „Shqipmedia“, за кого пукотниците на 7-ми февруари во тетовското село Боговиње имаат многу подраматичен тек, иако од МВР не открија многу детали.

Околу куќата на Фатиме Фетаи имало три автомобилни најверојатно со лажни регистерски таблици, при што набрзо во потрага кон нив се пуштила полицијата. Во целата драма имало и пукотници, кои биле оддалечени само неколку метри од куќата на обвинителката.

Наводно едно лице е уапсено, па токму тој ќе биде главниот сведок на целиот овој случај. Во продолжение прочитајте го и извештајот од полицискиот билтен за овој случај:

На 07.02.2018 година околу 18,10 часот во с.Боговиње-тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Камењане дале знак за да застане патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици. Истото застанало и кога полицискиот службеник се доближил, возачот во возилото го стартувал истото и се обидел да го удри полицискиот службеник а потоа удрил во полициското возило како и во други паркирани возила. При обидот за бегство, едно од лицата кое било сопатник во возилото испукало два куршуми од пиштол во воздух. Поради предупредување, полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух . Лицата се дале во бегство заедно со уште две возила – “Ауди“ со штипски регистерски таблици и “Шаран“ со непознати регистерски таблици напуштајќи го местото на настанот. Околу 20,50 часот на влез во Скопје, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено возило “БМВ“ управувано од 17 годишен малолетник од Куманово. Подоцна, во населбата Ѓорче Петров, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено и возилото “Ауди“ со штипски регистерски таблици управувано од И.С. (29) од Куманово. Лицата се приведени во ПС-Ѓорче Петров, а возилата се пренесени во кругот на полициската станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Коментари

коментари