понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Во сообраќајка повредени пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово

Во сообраќајка повредени пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово

Во синоќешната сообраќајна несреќа која се случи кај Удово, потешко повредена е пратеничката на СДСМ, Мери Лазарова (33), додека со полесни повреди поминал нејзиниот сопатник, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов (30).

Со возилото управувала пратеничката, која итно била пренесена во Ургентниот центар во Скопје, со повреди на главата и телото, но според последните информации, се наоѓа во добра состојба.

Од МВР информираат дека патничко моторно возило се извртело и удрило во товарно возило на делот од патот по демиркаписките тунели. Поради сообраќајката во прекин беше и патот Демир Капија – Неготино, кој сега неколку часови подоцна беше нормализиран.

Коментари

коментари