Читај » ЦРНА ХРОНИКА » ВИДЕО: Спајдермен се појавил на погреб на петгодишно момче – кога ја симнал маската сите заплакале

ВИДЕО: Спајдермен се појавил на погреб на петгодишно момче – кога ја симнал маската сите заплакале

Американскиот полицаец, Дејмон Кол доби големо признание од јавноста во Тексас, иако неговиот обид да спречи смрт на петгодишно момче беше неуспешен.

Кол по пријава за исчезнување на петгодишниот Џоуша, прв го нашол малото дете во базен, па иако се обидел да го спаси, детето немало знаци на живот. При извлекувањето од водата, тој забележал дека Џоуша носи маичка и патики со ликот на Спајдермен.

Фамилијата на младиот Џоуша го замолиле полицаецот да пристигне на погреб во ликот на Спајдермен, суперхеројот во кој идол гледал петгодишникот.

Кол го стори тоа, а истото предизвика бура од емоции кај фамилијата и блиските пријатели на Џоуша.

Коментари

коментари