Читај » СЛАЈДЕР » ФОТО: Вардарки со убедлива победа, навивачите со емотивна порака

ФОТО: Вардарки со убедлива победа, навивачите со емотивна порака

Женскиот македонски ракометен шампион, тимот на ЖРК Вардар има маестрална сезона во групната фаза од Лигата на Шампионите, каде имаат максимален ефект од девет победи на исто толку натпревари, а воедно со денешната победа над Будуќност од 31:24 и теоретски го осигураа пласманот во четвртфиналето.

Вардар уште од самиот старт намерна пеколно темпо, направи солидна предност и средбата која требаше да биде дерби на колото, се претвори во дуел каде се знаеше победникот, па требаше само да се дефинира и конечниот резултат.

Најефикасна во таборот на „црвено-црните“ беше Андреа Пенезиќ со 8 голови, Полина Кузњецова и Драгана Цвијиќ имаа по 4, додека на голот одлична уште еднаш беше Амандин Лејно со 14 интервенции.

На трибините осамна и емотивен транспарент од навивачите на ЖРК Вардар, тим кој од следната сезона ќе игра со домашни ракометарки, што значи и дека речиси сите актуелни играчи на тимот ќе заминат во други средини.

„И нас нѐ боли, но вие и понатаму ќе сте наши идоли“

Коментари

коментари