ФОТО: Бидете внимателни доколку одите на Стража, снегот предизвика застој!

Поради обилните врнежи од снег, сообраќајот кај превојот Стража во текот на целиот ден се одвива со потешкотии. Повеќе луѓе на социјалните мрежи споделуваат апел до сите оние кои патуваат на таа релација, да бидат крајно внимателни.

Од АМСМ информираа дека забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Ѓавато, Стража, како и на патните правци Маврово – Дебар и с. Шипковица – Попова Шапка.

На патниот правец Шипковица – Попова Шапка поради магла е намалена видливоста на 30-40 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Коментари

коментари