Читај » СЛАЈДЕР » Освоен првиот златен медал на ЗОИ во Пјонгчанг

Освоен првиот златен медал на ЗОИ во Пјонгчанг

Само еден ден по отворањето на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг, веќе е освоен и првиот златен медал, кој оди зад името на Шарлот Кала од Шведска, која победи во скијатлон.

На патеката долга 15 километри, Кала успеа да ја помине за 40:44.9 минути, што беше за осум секунди подобро време од второпласираната Мартин Бјерген од Норвешка. На подиумот имаше место за уште една скандинавка, Криста Пармакоски од Финска, која заврши на третата позиција.

Ова за Кала е трето злато во нејзината кариера, на трета различна олимпијада, со што ја прави и прва Швеѓанка со вакво достигнување. Таа пред 8 години победи во Ванкувер на трката 10 километри слободно, додека во Сочи освои златен медал со штафетата на Шведска.

Коментари

коментари