Читај » СВЕТ » Родченко: Сите наредби за допинг програмата на Русија доаѓаа директно од Путин

Родченко: Сите наредби за допинг програмата на Русија доаѓаа директно од Путин

Поранешниот шеф на Московската антидопинг лабараторија и информатор на Светската антидопинг агенција (WADA) Григориј Родченков изјави дека сите активности, наредби поврзани со допинг програмата на Русија доаѓале лично од претседателот на Русија, Владимир Путин.

Тоа беше објавено во трајлерот на новиот филм на германскиот новинар „Hajo Seppelt“.

„Сите наредби доаѓаа од претседателот на државата. Само тој може да постави такви задачи пред ФСБ. Путин знаел за допинг програмата во Русија, а Мутко, кој директно му рапортираше на претседателот за програмата, ми велеше дека претседателот знае за мене“, рече Родченков.

Во кадарот на телевизиските камери го немаше лицето на Родченков, туку се слушаше само негивиот глас. Претходно беше објавено дека Родченков го дал првото интервју по бегството во САД во врска со допинг програмата на Русија.

Коментари

коментари