понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » ВИДЕО: Драма на теренот, навивачи на Олимпијакос ги нападнаа играчите на АЕК

ВИДЕО: Драма на теренот, навивачи на Олимпијакос ги нападнаа играчите на АЕК

Тимот на Олимпијакос по долг период, би можел да ја загуби титулата во домашното првенство, ситуација која не им се допаѓа на навивачите, па своето незадоволство го изразуваат преку инциденти.

На синоќешното дерби Олимпијакос дојде до предност во 81-та минута против АЕК, но гостите со голови во 87-ма и 94-та минута дојде до комплетен пресврт и важна победа.

Незадоволни од исходот на средбата, дел од навивачите на домашниот тим влегоа на теренот, при што посакаа пресметка со гостинските играчи. Во целата ситуација брзо и присебно реагираше полицијата, која не дозволи инцидентот да прерасне во масовна тепачка.

Коментари

коментари