недела, 23 февруари, 2020
Читај » ЗАБАВА » Ако на бродот се наоѓаат 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот?
zadaci2
Задачи за кои никој нема одговор

Ако на бродот се наоѓаат 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот?

Во училиште во Кина им била поставена задача на петооделенци, која не можат да ја одговорат ниту постарите, а истата беше објавена на социјалните мрежи.

„Ако на бродот се наоѓаат 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот?“

Набрзо потоа многумина се пријавиле за збор, но прашање е дали воопшто некој го дал точниот одговор или всушност секој од нив е базиран на сопствено размислување.

*Бројот на животни на бродот нема никаква врска со годините на капетанот, напиша еден од корисниците на социјалните мрежи.

*Не можам да го решам ова, напиша другиот корисник.

*Обично лесно ми оди решавање на логички задачи, ама што е ова?

Најблизу до одговорот веројатно е следниот одговор, но никој не тврди со сигурност дека е точен.

*Корисникот пресмета дека товарот изнесува околу 7.700 кг. а дека возачот на пловни возила во Кина мора да има дозвола најмалку пет години пред да смеат да носат товар кој тежи 5.000 кг. Со оглед на тоа дека дозволата за управување со брод не може да се добие пред 23 години, возачот има најмалку 28 години.

Коментари

коментари