Актуелниот европски првак Реал Мадрид оваа сезона веројатно има шанса за трофеј уште во Лигата на Шампионите, ако се знае дека заостанува многу во Примера, додека „кралевите“ беа елиминирани од Купот на Кралот.
Според последните информации, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне Мауро Икарди од Интер за 106 милиони евра, а во зделката ќе биде вклучен и Матео Ковачиќ, кој повторно ќе се врати во Милано.
„Ако кажеш збогум, значи дека се развиваш“, е пораката која ја упати Икарди на „Инстаграм“, што дополнително ги подгреа овие најави, а според медиумите во Италија се е веќе договорено, па се очекува уште официјална потврда од клубовите.