Не стигна роденденската торта и подароците подготвени од 66-годишниот Љубен од Делчево за девојчето за кое со покојната сопруга како згрижувачко семејство се грижеле скоро 8 години. Вратата на малиот групен дом, каде е сместено девојчето по смртта на носителот на згрижувачкото право, сопругата на Љубен, остана затворена за овој човек кој сакал да го изненди девојчето кое полнело 11 години, пишува регионалната телевизија ТВ Стар.
„Кога се вративме дома со тортата и со подароците, тортата ми падна и ја фрливме. Кога отидовме во Центарот во Делчево, старателката како да извојувала победа, цинчно се смееше“, изјави Љубен Арсов.
Оваа последна случка која ја прели чашата на трпението на семејството Арсови кое 6 месеци водеше административна битка за да го задржи девојчето во нивниот дом. Сега тие сакаат само да ја посетуваат и да одржуваат контакти со неа.
Од делчевскиот Центар за социјални работи не сакаа да го коментираат случајот и обвинувањата на Арсови. Оттаму кратко одговорија дека тие го штитат интересот на детето и согласно со Законот, со престанување на загрижувачкото право, се прекинуваат и односите со семејството.