Читај » СЛАЈДЕР » Машина прегази градежен работник на автопатот Штип – Миладиновци

Машина прегази градежен работник на автопатот Штип – Миладиновци

На автопатот Штип – Миладиновци, кај клучката на штипското село Кирви Дол загина градежен работник, кој бил прегазен од машина, информираа од МВР.

Според портпаролот на СВР Штип, Горана Панајтова, во 11 часот и 40 минути од машина бил прегазен работник. Кога пристигнала Итна медицинска помош на лице место, лекарот само ја констатирал смртта на работникот.

На терен е излезен основен јавен обвинител, како и екипа на крим-техника, а телото на загинатиот работник е предадено на обдукција.

По собирање на повеќе податоци, полицијата ќе извести за нови детали околу трагедијата.

Коментари

коментари