вторник, 20 август, 2019
Читај » СВЕТ » ВИДЕО: Во САД авион итно слета на автопатот

ВИДЕО: Во САД авион итно слета на автопатот

Едномоторниот авион Beechcraft G33 принудно слета на автопат во близина на градот Лос Анџелес, при што немало повредени, според NBC Los Angeles.

Инцидентот се случи во неделата вечер по локално време во близина на градот Коста Меса. Како што е соопштено од страна на Федералната администрација за авијација на САД (FAA), авионот се движел спрема локалниот аеродром Џон Вејн, кога пилотот пријавил проблеми со моторот.

Според пожарниот оддел на градот, луѓето што биле на авионот го напуштиле авионот навреме по слетувањето на автопатот, и како резултат на инцидентот, никој не бил повреден.

Коментари

коментари