Читај » СЛАЈДЕР » Штом јас освоив грен-слем титула, мојот Ливерпул повторно ќе се радува во Премиер лигата

Штом јас освоив грен-слем титула, мојот Ливерпул повторно ќе се радува во Премиер лигата

Данската тенисерка Каролин Вознијацки успеа од „трета среќа“ да ја освои првата грен-слем титула, славејќи во финалето на Австралија Опен против Симона Халеп.

На прес-конференцијата по крајот од средбата, тенисерката од Данска се пошегува и на сопствена сметка, давајќи им надеж на навивачите на Ливерпул, тим на кој таа е голем фан.

„Јас многу долго чекав, но конечно успеав да го освојам првиот грен-слем во кариерата. Долго чекам трофеј и од Ливерпул, па верувам дека наскоро и мојот тим ќе стави крај на црната серија“, изјави Вознијацки.

Ливерпул дури 18 пати ја има освоено титулата во Англија, но последен пат тоа се случило во далечната 1990 година, а веќе следната година лигата го менува името во Премиер лига, каде „црвените“ се уште не се радувале на прво место.

Коментари

коментари