Читај » МАКЕДОНИЈА » Законот за јазиците во понеделник повторно на седница, поднесени повеќе од 32.000 амандмани

Законот за јазиците во понеделник повторно на седница, поднесени повеќе од 32.000 амандмани

Во понеделник Собранието на Република Македонија ќе ја започне 32-та седница на која на дневен ред ќе се најде Законот за употреба на јазиците.

Овој закон еднаш беше изгласан од страна на Собранието на Република Македонија, но истиот беше вратен од претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој одби да го потпише, со бројни укажувања.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието и поднесе рекордни 32.000 амандмани. Содржината на амандманите, според Деловникот, мора да биде во согласност со укажувањата на претседателот.

Останатите опозициски партии не поднесоа амандмани за законот за употреба на јазиците.

Коментари

коментари