Претседателот на САД, Доналд Трамп доби понуда да стане главен тренер на фудбалскиот клуб од Лондон, Арсенал. Оваа иницијатива за време на интервјуто со него ја изрази новинарот Пирс Морган, кој и самиот е долгогодишен обожавател на Топџиите.
„Во моментот кога му предложив на претседателот Трамп да стане нов менаџер на Арсенал, бидејќи тој ќе изгради сигурен дефанзивен ѕид, има философија на напаѓање и сака да освојува трофеи по секоја цена“, објасни новинарот на Твитер.
На неговиот твит, Морган прикачи фотографија, на која тој на Трамп му подарува дрес од Арсенал со број 45.