Провинцијата Гуангдонг, економскиот центар во јужна Кина, планира да стави уште 20.000 индустриски роботи во употреба оваа година, со цел да го зголеми производството и продуктивноста.
Гувернерот на Гуангдонг Ма Хингруи го објави планот во четвртокот, кога достави извештај за работата на владата на локалната парламентарна седница.
„Провинцијата ќе ги интензивира напорите за дигитализација на производствениот сектор и ќе ја направи индустријата попаметна и позелена. Развојот на Гуангдонг ќе се фокусира на реалната економија, со производство како основа“, рече Ма.
Индустријата за роботи е наведена како клучна развојна област во националната стратегија “Произведено во Кина 2025”, бидејќи земјата е најголемиот пазар за индустриски роботи во светот.
Производството на индустриските роботи во Кина надмина 100.000 во првите 10 месеци од 2017 година, што е за 70 отсто повеќе за разлика од пред една година, според Министерството за индустрија и информатичка технологија.
Обемот на пазарот на индустриските роботи во Кина се очекува да достигне 4,2 милијарди американски долари во 2017 година и да се зголеми на 5,9 милијарди долари во 2020 година.