понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СВЕТ » ВИДЕО: Првите клонирани примати во светот – макаки Жунг Џунг и Хуа Хуа

ВИДЕО: Првите клонирани примати во светот – макаки Жунг Џунг и Хуа Хуа

Научниците од Институтот за неврологија во Шангај, Кина, ги покажаа првите клонирани примати во светот. Долго-опашените макаки се добиени со помош на методот за пренос на соматски клеточни јадра.

На истиот начин беше клонирано и веќе познатото јагне Доли. Првиот макаки клон Жунг Џунг е роден на 27 ноември 2017 година. Вториот клон беше наречен Хуа Хуа, и беше роден на 5 декември.

Нивните имиња доаѓаат од зборот „чжунхуа“, што значи „Кина“, „кинески“. Клоновите се чуваат во инкубатор во Суджоу.

Коментари

коментари