Читај » СВЕТ » Во САД на автопат се најдоа огромни количини на долари

Во САД на автопат се најдоа огромни количини на долари

Во американската држава Илиноис, автомобил кој носеше пари за автоматите на среќа предизвика сообраќајна несреќа. На патот се најдоа банкноти од пет, десет и дваесет долари, што предизвика прекин на автопатот, објави UPI.

Според полицијата, во несреќата е виновен возачот на автомобилот со пари: тој ја надминал брзината, не успеал да го исконтролира возилото и удрил во оградата, а потоа се судрил со друг автомобил. Третиот автомобил се обиде да ги заобиколи и, исто така, удри во оградата. За среќа сериозно никој не беше повреден.

За да ги соберат сите пари од автопатот требаше околу еден час. Колку пари се собрани, не е пријавено.

Коментари

коментари