вторник, 22 октомври, 2019
Читај » СВЕТ » Се јавија и бугарските националисти: И ние имаме право на името Македонија, но сме великодушни кон македонските браќа

Се јавија и бугарските националисти: И ние имаме право на името Македонија, но сме великодушни кон македонските браќа

Третата најголема партија во Бугарија, на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов, ги отфрли тврдењата на грчките националисти, кои истакнаа дека зборот Македонија смета да го користат само тие.

Бугарските националисти порачаа дека и тие имаат право да се повикуваат на тоа име, но поради великодушноста кон македонските браќа истото не го користеле.

„Ние Бугарите можеме исто така да полагаме право на овие имиња и места, но не полагаме затоа што веруваме дека патот пред нас се состои од другарство и великодушност, а не од кочења“, се вели во документот, во кој се потсетува на историското тврдење дека Македонија е бугарска.

Воедно, оваа партија се повикува на бугарскиот народ, посочувајќи дека тие посакуваат конечно да се реши спорот со името и целиот регион да оди напред.

„Ние Бугарите природно стоиме до нашите македонски браќа во спорот за името. И сакаме да му се стави крај. Но без прибегнување кон насилство. Никој не може целосно да му го одземе на македонскиот народ правото да го користи името што го користеле нашите заеднички предци. Барајте компромис, но без да виткате раце“, предупредија бугарските националисти.

Коментари

коментари