недела, 23 февруари, 2020
Читај » МАКЕДОНИЈА » Распишан тендер за надградба и одржување на системот „Мој Термин“

Распишан тендер за надградба и одржување на системот „Мој Термин“

Тендер за надградба и одржување на Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“ распиша вчера Министерството за здравство. Вредноста на јавната набавка изнесува пет милиони денари (со влучен ДДВ), односно околу 70.000 евра. Отворањето на понудите е предвидено за 14 февруари, информираа за МИА од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.

Со тендерот, посочија од Управата, е предвидено надградба на системот со нови функционалности, како и модули кои првпат се воведуваат, со цел унапредување на досегашниот систем.

Како еден од поголемите модули што ќе се воведе со новата надградба на системот, е воспоставување софтверско решение за Регистар на лица со ретки болести, што е клучна алатка за дефинирање на здравствени стандарди во клиничката практика, за утврдување на ефикасност на терапијата, како и за развој на научни и клинички истражувања.

Коментари

коментари