Ракометарите прокоцкаа добиен натпревар против Чешка

Македонската ракометана репрезентација пропушти да забележи победа во натпревар, каде имавме водство речиси 55 минути, па на крајот бевме совладани од упорната Чешка со 25:24.

Натпреварот со Чешка го одигравме без капитенот Лазаров кој само ги изведуваше пеналите. Почетокот беше во знакот на Македонија која поведе со 4:1, а по водството од 6:2 за нашата репрезентација селекторот на Чешка побара тајм аут. Во прдолжението волглаво се играше гол за гол.

Во отсуство на К.Лазаров, Миркуловски беше на мета на чешките ракометари и поради добиени удари мина неколку минути на клупата. До крајот на првиот и Мартин Велковски запиша два гола. За првпат во игра во 23.минута влезе и Јоновски. Вторпат + 4 имавме во 24.минута (11:7). Во финишот на првото полувреме со играч повеќе имавме шанса за +5, но по двете грешки Чешка намали на 13:11.

Вториот дел почна со промашувања на двете страни, а потоа по серијата три голови на Талески, Македонија првпат поведе со +5 (17:12- 38.минута). Предноста од 4-5 голови Македонија ја имаше на средина на вториот дел. Во 49.минута по неколкуте грешки на нашите ракометари Чешка намали на 21:19. Во 53.минута Чешка со четвртиот гол на Здрахала намали на 22:21, откако голманот Мрква имаше три одбрани во серија. Чешка по вторпат изедначи откако Хрска погоди од пенал за 22:22.

Во 56.минута капитенот Лазаров не реализраше пенал за водство. Чешка поведе за првпат во 57.минута со голот на Хорак со играч помалку. Со голот на Велковски Македонија изедначи на 24:24. Гол за ново водство на Чешка постигна Кашпарек. Во последните секунди Чешка направи грешка, пробивање, а Македонија во контра постигна гол преку Дејан Манасков. По гледањето судиите од Русија – го поништија голот и досудија пенал за Македонија. Мрква го одбрани пеналот на Манасков за победа на Чешка од 25:24.

Утре Македонија од 18:15 часот ќе игра против Данска, која е прва во групата со 6 бодови, Шпанија, Германија и Чешка имаат по 4, Македонија 3, колку и Словенија.

Коментари

коментари