Херојски подвиг на средношколец од Берово – парите од фатениот крст ги донирал за децата без родители

Средношколецот од Берово, Владимир Методиев кој го фати светиот крст на големиот празник Водици, го има херојскиот потег на денот, откако се одлучи финаниските добивки од фтениот крст да ги донира за децата кои се згрижени во малиот детски групен дом во Берово.

Во разговор за ТВ Стар, младиот Владимир истакнува дека за него ова е исполнување на душата, а воедно посочува и дека зад одлуката стои самиот тој.

„Тоа е посебно чувство што ја исполнува душата и тоа не се надомесува со материјални средства. Најдобро е парите кои ќе се добијат од чесниот крст да се донираат бидејќи сите се фрлаат за здравје, а не да добијат некои материјални средства и да ги потрошат на самите себе“, смета Методиев.

Коментари

коментари