Читај » ЦРНА ХРОНИКА » Пожар во зграда во Неготино, причината неисчистен оџак

Пожар во зграда во Неготино, причината неисчистен оџак

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски на прес-конференција информираше за пожарот во зграда во Неготино, каде освен материјална штета, нема други загуби.

„Пожарот настанал во стан на триесет и шестгодишен неготинец од станбената зграда на улицата „Маршал Тито“ и бил локализиран од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица од Неготино“, изјави Додевски.

Како што информираа од полицијата, пожарот избувнал поради неисчистен заеднички оџак, кој го користеле две фамилии.

Од страна на екипа од Полициската станица Неготино веднаш е направен увид на местото на настанот, по овластување од ОЈО.

Коментари

коментари