Лазаров од болница директно на терен против Чешка – прашање е дали ќе игра

Прашањето дали Кирил Лазаров ќе игра на дуелот со Чешка ќе го поставуваме до самиот почеток на средбата, а одговорот веројатно ќе го добиеме уште по првите минути на паркетот во Вараждин.

ЕХФ денес пренесе информација како првенството за македонскиот капитен е завршено, но нешто подоцна Кире истакна медиумтие да имаат трпение и да чекаат разврска на ситуацијата, дури по деталните проверки.

Утре тој ќе биде во Загреб во болница, од каде ќе пристигне во Вараждин пред дуелот со Чешка, но дали ќе настапи или не, ќе зависи од висината на неговата повреда.

Факт е дека Македонија има две лица, со и без Лазаров, па доколку капитенот биде на теренот, сосема поинаку ќе не гледа противникот, но веројатно и останатите играчи ќе имаат крајно поголема самодоверба.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!