понеделник, 19 август, 2019
Читај » СВЕТ » Директорот на ЦИА изјави дека Северна Кореја за неколку месеци ќе биде во можност да изврши нуклеарен удар врз САД

Директорот на ЦИА изјави дека Северна Кореја за неколку месеци ќе биде во можност да изврши нуклеарен удар врз САД

Само неколку месеци ја делат КНДР од можноста за нанесување нуклеарен напад врз САД, изјави во понеделникот директорот на ЦИА, Мајк Помпео.

Во интервју за CBS, Помпео беше запрашан колку време ќе му треба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за да ја добие оваа прилика. Помпео одговори: „Неколку месеци“.

Новинарот го потсети Помпео дека тој го изјави истото ова неколку месеци порано.

„Да, тоа е точно. Јас би сакал да кажам дека имаме една година почнувајќи од сега. Владата на САД работи напорно во тој правец за да го продолжи времето кои што и е потребно на Северна Кореја да направи такви ракети“, рече Помпео.

Тој, исто така, потврди дека САД сметаат на помош на Руската Федерација и Кина во спроведувањето на санкциите на ОН против КНДР.

Северна Кореја во 2017 година изврши голем број тестови на ракети и спроведе шести по ред нуклеарен тест. Советот за безбедност на ОН ги интензивираше санкциите трипати против Пјонгјанг како одговор на понатамошниот развој на ракетните и нуклеарните програми на КНДР.

Коментари

коментари