Читај » СВЕТ » Бутарис објаснува: Македонија не е само грчка

Бутарис објаснува: Македонија не е само грчка

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис во изјава за медиумите истакна дека Македонија не е грчка, односно толкувањето дека Македонија е само грчка е сосема погрешно и неточно.

„Кога ќе одиш да решиш еден проблем, треба да ги видиш аспектите на сите инволвирани. Не е во прашање само името. Доколку во Уставот на соседите и натаму има иредентистички тенденции, прашањето нема да се промени“, истакна Бутарис.

Во Солун се одржа протест каде учество земаа околу 90.000 граѓани, но тоа воопшто не било во корист на Грција, бидејќи истото нема да им помогне да ги решат проблемите за името.

„Несомнено митингот беше грандиозен и впечатлив“, рече тој и додаде дека го гледал на телевизија.

Коментари

коментари